Лекарот на Трамп: Претседателот не чувствува никакви симптоми на Ковид-19

Од:

Лекарот на претседателот на САД, Шон Конли, изјави денеска дека Доналд Трамп не чувствува „никакви симптоми“ на новиот коронавирус, откако вчера се врати дома од болница, каде беше сместен неколку дена.

Во изјава од Белата куќа, Конли рече дека утрово имал состанок со медицинскиот тим на претседателот.

Трамп, како што наведe д-р Конли, „ја поминал првата ноќ дома мирно“, се чувствува добро, а нивото на кислород во крвта е стабилно.

Конли не наведе со каква терапија се лекува американскиот претседател, по бројните шпекулации дека на Трамп му се дава експериментална и непотврдена терапија.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија