(ВИДЕО) Калеска-Ванчева: Сите пратеници да го поддржат Законот за спречување и заштита од дискриминација, тој е во интерес на сите граѓани

Од:

„Во собраниска процедура влегува Предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација. Ова законско решение ќе обезбеди ефикасна регулатива која воведува принципи на еднаквост и ефикасна заштитата од секаков вид на дискриминација.

Новиот Закон е целосно усогласен со правото на ЕУ и меѓународните стандарди и за него е добиено позитивно мислење од Венецијанската комисија, како и од сите граѓански организации кои работат во оваа област.

Со него, се прошируваат основите, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација“, рече Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ и пратеничка.

„Преку новиот Закон се зајакнува и капацитетот на Комисија за спречување и заштита од дискриминација, а нејзините надлежности се прошируваат во насока на превенција.

Критериумите за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација гарантираат дека во ова тело ќе бидат поставени професионалци, на кои основната грижа ќе им биде заштитата на граѓаните.

Предлог законот за спречување и заштита од дискриминација, е важно законско решение кое во интерес на граѓаните, на иднината на нашата држава, но и на целокупното општество.

Затоа, ги повикуваме пратениците од сите политички партии во Собранието да застанат зад овој предлог, да добиеме ново ефикасно законско решенија, кое ќе обезбеди целосна заштита од секаков вид на дискриминација.

Како парламентарно мнозинство остануваме посветени на интересите на сите категории граѓани“, изјави Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ и пратеничка.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ