Приведени двајца разбојници, расчистени пет разбојништва и тешки кражби

Од:

Вчера околу 19.30 часот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Карпош привеле двајца разбојници 22-годишниот А.И. и 17-годишниот Д.К. од Скопје.

Двајцата непосредно пред приведувањето се обиделе да украдат пари од маркет на булеварот „Партизански одреди“. Веднаш по добиената пријава, лицата се пронајдени и приведени од полициски службеници од ОКР Карпош, информира Министерството за внатрешни работи.

Досега, како што стои во соопштението на МВР, е документирано дека лицата се сторители на пет кривични дела – разбојништва во обложувалници, како и тешки кражби во цркви и маркети.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби