Се одбележа Светскиот ден на лицата со церебрална парализа, раната детекција предуслов за добро заздравување

Од:

Терапија, примање на соодветни лекарства, бањски третмани од областа на здравствените услуги, потоа пристапноста, движењето, ортопедските помагала, натамошното едуцирање и школување се сегменти за кои лицата со церебрална парализа имаат потреба од значителна поддршка.

Ова денеска го нагласи претседателот на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија Бранимир Јовановски на настанот за одбележување на Светскиот ден на лицата со церебрална парализа, 6 октомври, кој се организира со цел да се подигне нивото на јавната свест кај граѓаните и институциите на државата за потребите и положбата на овие лица.

– Треба да се знае дека церебралната парализа не е болест. Тоа е состојба која за жал најмногу ги погодува најранливите меѓу нас, а тоа се децата. Ги прати низ целиот живот и не постои ефикасен лек со кој може целосно да заздрават. Меѓутоа постојат одредени медицински, терапевтски методи, ортопедски помагала и други начини со кои може нивната положба значително да се подобри. Секако дека раната детекција е еден од предусловите за побрзо реагирање и поголема можност за нивно натамошно добро заздравување, рече Јовановски.

Според него, во Мобилност Македонија членуваат 500 лица со церебрална парализа, но нема статистика која е целосната бројка на овие лица во државата.

На настанот се обрати и Милан Живковиќ, советник на премиерот за труд и социјална политика, кој рече дека изминатите три години како Влада цврсто се посветени на подобрувањето на условите за живеење на сите лица, а посебно на лицата со попречености.

– Секако лицата со церебрална парализа се високо на приоритетната листа за кои ги решаваме овие проблеми. Поентата не е само да се одредат една или две мерки кои ќе ги подобрат условите за живот, туку да најдеме еден системски начин како сите лица во државата, посебно лицата со церебрална парализа да функционираат и да бидат интегрирани во системот, посочи Живковиќ, посочувајќи дека се работи на регистар за лицата со попречености, во зависност од видот на попреченоста.

Додаде дека една од главните цели на оваа Влада е до крајот на овој мандат, да станеме држава каде сите институции и на централно и на локално ниво ќе имаат пристапност и достапност за сите лица.

– Лицата со церебрална парализа веќе нема да мора да се борат со пристапноста во институции и за таа цел генерално, како Влада, посветено работиме на остварувањето на оваа цел, дополни Живковиќ.

Би можело да ве интересира

Светски ден на лицата со церебрална парализа

Светски ден на лицата со церебрална парализа

Ана Ололовска

Васил Јанкула, лице со церебрална парализа со трицикл тргна во обиколка на државата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Кога општеството нема разбирање, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа

Наум Локоски

ВИДЕО: Отворен нов Центар за деца со церебрална парализа во Скопје

Наум Локоски