Убиен 46-годишен маж во Штип

Од:

Безживотното тело на 46-годишниот Стоилко М. вчеравечер било пронајдено во неговиот стан во населбата 8 Ноември во Штип од страна на неговиот татко.

Таткото на убиениот С.М неколку дена безуспешно се обидувал телефонски да го добие својот син по што пред три дена го пријавил за исчезнат. Вчеравечер решил да отиде до станот на својот син. Во ходникот почувствувал непријатна миризба што доаѓала од станот, па веднаш ја повикал полицијата.

Полициските службеници насилно ја отвориле вратата, а на подот го пронашле безживотното тело на С.М. на кое можеле да се забележат видливи повреди на главата.

Увид на местото е извршена од страна на истражен судија, јавен обвинител и увидна екипа на СВР- Штип, а телото било предадено на обдукција.

Од СВР- Штип јавуваат дека со обдукција е констатирано дека станува збор за насилна смрт. Причини за смртта се двете скршеници на черепот. Истрагата за овој грозоморен настан е во тек.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина