Продолжува акцијата за собирање на кабаст отпад, стар мебел и електронски уреди на територија на општина Кисела Вода која започна кон средината на претходниот месец.
Од Општината ги потсетуваат сите жители од овој дел од градот дека услугата за собирање на отпад можат да ја побараат на телефонскиот број 072/313-331, секој работен ден, во периодот од 08:00 до 16:00 часот, заклучно со 15 октомври.
Собирањето и транспортот на кабастиот отпадот, општина Кисела Вода ја врши бесплатно со свои возила од домовите на граѓаните.
– Со цел заштита на здравјето на граѓаните од вирусот Ковид 19, работниците кои се вклучени во акцијата, активностите ги вршат согласно препораките од Владата и Министерството за здравство, вели Општина Кисела Вода и апелира до граѓаните да не одложуваат отпад на јавните површини, да го почитуваат Законот за јавна чистота и со тоа да придонесат за чиста животна средина.