Претседателот на Сирија, Башар ал Асад денеска изјави дека сириските милитанти се борат во Нагорно-Карабах.
– Дамаск тоа може да го потврди, изјави Асад во интервју за РИА Новости.
Тој додаде и дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е „главен иницијатор“ на судирите.
– Ги поддржува терористите во Либија, беше главен иницијатор и во судирите во Нагорно-Карабах помеѓу Азербејџан и Ерменија, истакна Асад алудирајќи на Ердоган.