Жестока дебата во Советот на Општина Центар, за тоа како се трошеле парите во првите три месеци од годинава.
За само два месеци Општина Центар го потроши буџетот за цела година, рече на седницата градоначалникот Андреј Жерновски.
„340 милиони денари се нашите превземени обврски, до крајот на годината можеме евентуално да собереме 350 милиони денари, за вториот месец на годината буџетот е потрошен де факто до крајот на годината. Јас се доведов во ситуација да немаме плата за вработените, а сме најбогатата општина во Земјата“, рече Жерновски.
Тој го посочи случајот со двете катни гаражи за кои Општина Центар зела кредит од 5,5 милиони евра. Овие пари доспеваат за плаќање во јули.
Советот на општината ја усвои и завршната сметка за 2012 година на Јавното претпријатие „Паркинзи – Центар“. Без одговор останата прашањето на советниците кој и по чија наредба ја донел одлуката за бесплатен паркин во Општина Центар објавена во предизборниот период.