(ВИДЕО) Захариев пресече: Проектот „Уредување на коритото на река Отиња“ нема да се гради

Од:

Градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, денеска преку прес-конференција на граѓаните на Штип им ја соопшти одлуката за судбината на проектот „ Уредување на коритото на река Отиња“.

За овој проект Општина Штип, преку Министерството за финансии, зеде кредит од Светската банка во висина од 2.000.000 евра. Проектот предвидуваше изградба на пет платформи на река та Отиња, кои требаше да обезбедат 160 нови паркинг-места во централното градско подрачје.

„Мојата одлука е конечна. По консултации со нашите адвокати и со надлежните институции во државата, заклучивме дека изведувачот нема намера да го заврши објектот. Од денеска официјално ќе го прекинам договорот со бугарската фирма Кибилт“, изјави Захариев.

Одлуката на Општина Штип е донесена врз основа на сите случувања што беа поврзани со овој проект. И покрај договорот за продолжување со изградбата на платформите, кој беше постигнат меѓу бугарската фирма „Кибилт“ и Општина Штип пред неполн месец, изведувачот не се придржуваше кон договореното.

И покрај тоа што Општина Штип успеа да издејствува покачување на цената на чинење на м3 бетон од 65 на 105 евра, како што побара изведувачот, без притоа да се надмине финансиската рамка на проектот, изведбата не се помести од мртвата точка во која се наоѓа повеќе од осум месеци.

Според информациите до кои дошла Општина Штип преку Царинската управа и МВР, опремата на бугарската фирма „Кибилт“ е изнесена од државава уште пред 2,5 месеци, а во државава не се регистрирани ниту странски работници ангажирани од страна на оваа фирма.

Досега Општина Штип на бугарската фирма ѝ има исплатено аванс во висина од 160.000 и 135.000 евра за извршените работи, поради што Општина Штип ќе побара активирање на банкарските гаранции.

Според Захариев, раскинувањето на договорот отвора можност бугарската фирма да ја тужи Општината, меѓутоа во договорот е наведена и динамиката на работата до која „Кибилт“ не се придржуваше.

„Двете платформи што се започнати ќе бидат завршени. Морам да кажам дека ќе го откажам и кредитот од Светската банка. Веќе им дадов налог на нашите архитекти во општината да направат проект до 24 мај за уредување на коритото на реката Отиња. Неа ќе ја уредиме како и секоја нормална река“, изјави Захариев.

Двете започнати платформи ќе бидат завршени со општински пари. Средствата во висина од 140.000 евра, кои се веќе повлечени од кредитот по барање на Светската банка, ќе мора да бидат вратени веднаш, а Општината во иднина нема да ги користи овие пари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид бараат невладите организации