Најтешко повредената девојка во сообраќајката во кочанско почна да дише сама

Од:

Четиринаесетгодишната девојка која беше најтешко повредена во сообраќајната несреќа во кочанско почна да дише сама, излезена е од потребата за дишење преку машина, но за натамошното лекување треба да бидеме вниманителни бидејќи се уште постојат проблеми, последици од повредата на мозокот, изјави денеска доктор Зорка Николовска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).

Таа посочи дека организмот на девојчето во однос на повредите на градниот кош многу коректно одговорил на терапијата и оти немале никакви компликации во текот на лекувањето.

– Ќе бидеме многу внимателни во понатамошниот тек. Имаме голема надеж дека лекувањето ќе биде според нашите посакувани патеки, истакна Николовска.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека девојчето не е оперирано во меѓувреме и лекувањето се одвивало конзервативно преку вип третман-значи вентилација, инфузија за одржување на циркулацијата.

– За будноста на девојчето е работа која се уште не би ја одговориле бидејќи има се уште последици од контузијата на мозокот. Другите деца повредени во сообраќајката се пуштени на домашно лекување, додаде Николовска.

Сообраќајната несреќа се случи на 1 мај кога трактор со кој се превезуваа 16 лица, повеќето малолетници кои биле на излет, се преврте во близина на местото Илин дол на патот меѓу кочанските села Пресека и Оризари. Возачот на тракторот загина на местото на несреќата, а неговата сопруга почина на пат кон Клиничкиот центар.

Би можело да ве интересира

Поради сообраќајка, во целосен прекин e сообраќајот на патот Маврово – Дебар, кај „Ростушко анче“

Горан Наумовски

Несреќа на патот Прилеп-Битола, загина 49-годишен маж

Пијан скопјанец возел автомобил, па удрил во паркиран „голф“

Три сообраќајки вчера во Тиквешијата

Тешка сообраќајка во Србија: Загина дете, неколкумина се тешко повредени

Најмалку 15 студенти загинаа во сообраќајна несреќа во Малезија