Трамп се чувствува подобро, утре може да биде пуштен од болница

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп може да биде пуштен од болница утре, бидејќи тој се чувствува подобро, соопшти медицинскиот тим на претседателот на прес-конференција пред воената болница „Волтер Рид“.

Во соопштението се наведува и дека Трамп вчера добил дексаметазон по второто „минливо“ опаѓање на нивото на кислород во крвта. Во петокот нивото било на 94 проценти, а вчера на 93 проценти.

Лекарите не кажаа дали и вчера примил кислород. – Сега неговото ниво на кислород е 98 проценти, рече д-р Шон Конли, пренесува Би-Би-Си.

– Состојбата на Трамп се подобрува, тој не се жали на респираторни проблеми, рече член на лекарскиот тим.

Д-р Бен Гарибалди вели дека планот е Трамп денеска да не биде во кревет, да јаде и да пие.

– Ако продолжи да се чувствува добро како денеска, се надеваме дека може да биде отпуштен утре за да може да го продолжи лекувањето во Белата куќа, рече тој.

Би можело да ве интересира

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“