Неизвесно оддржувањето на охридскиот маратон

Од:

Како што за сега стојат работите можно е 26-от Охридскиот пливачки маратон да не се одржи, вели за А1 Никола Маленко еден од организаторите на маратонот. Под знак прашање е доведено организирањето на најстарата спортска манифестација во Македонија поради немање пари. Ова се случува во годината кога пливачкиот клуб „Охридски бранови“ кој е технички организатор слави 80 години од своето постоење

„Имаме најголеми проблеми од кога е возообновен маратонот во 1992 година. Се плашам да ви кажам дека со сигурност ќе биде организиран големиот маратон. Нашата клупска каса е празна, знам дека и касата на Пливачка федерација е празна. 20.000 евра ако не бидат благовремено обезбедени до почетокот на август ние не ќе имаме време да организираме маратон од светска класа. Ние го доведовме во прашање одржувањето на маратонот. Во овој момент е под голем знак прашалник“

„Евентуалното не одржување на маратонот ќе биде скандалозно и срамно особено за Претседателот на државата кој се јавува како покровител на оваа светска манифестација“, вели Маленко.Тој додава дека во таква ситуација Светската пливачка федерација Фина на Македонија ќе и изрече ригорозни санкции.

„Веројатно нема некој да се дрзне и да го изигра претседателот кој е покровител да го откаже маратонот а, со тоа да дојде и до меѓународен срам. Се надевам дека нема да дозволат да го девалвираат претседателот.Го замолувам претседателот да го искористи својот авторитет да ја преиспита целата ситуација и да не дозволи никаков кикс“ вели Маленко

Маленко вели дека не знаат дали и кој учесници се пријавени за годинешниов маратон, кога истиот би се одржал затоа што комуникацијата со Пливачка федерација и со Кабинетот на Претседателот на државата биле сведени на минимум. Дополнителен проблем е што 260.000 денари средства наменети за организација на маратонот минатата година на клубот „Охридски бранови“ се уште не му биле исплатени, од страна на приватната агенција Поли план, која била ангажирана за маратонот од кабинетот на претседателот, додава Маленко. Против агенцијата клубот води и судски спор. Инаку Охридскиот маратон до 2004 година важеше за еден од најдобрите во светот после оној во Атлантик сити, но последниве неколку години неговото реноме е значително паднато.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on