(ВИДЕО) Георгиевска: Со државна кредитна и царинска гаранција ги помагаме домашните компании

Од:

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со силна, ефикасна и навремена поддршка за компаниите погодени од негативните економски последици од коронавирусот.

Четвртиот пакет економски мерки обезбедува 470 милиони евра за спас на работни места, за зајакнување на приватната потрошувачка и за конкретна помош за стопанството.

Една од мерките за помош на приватниот сектор, во овој четврт пакет е Државната кредитна гаранција.

Со оваа мерка државата става на располагање 10 милиони евра, пари за поддршка на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства, преку преземање на дел од кредитниот ризик“, рече Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

„Со државната гаранција од 10 милиони евра на стопанството ќе му бидат на располагање кредити со вредност од 65 милиони евра.

Покрај кредитната, следува реализација и на мерката Државна царинска гаранција, кој има за цел да им обезбеди поголем извоз на компаниите и полесен пристап до суровини.

Со 3 милиони државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг го поддржуваме извозот и увозот и истовремено, го олеснуваме пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра.

Како уште една мерка за олеснување на работењето на компаниите во овој пакет е и дополнително одложување на отплата на кредити за компании, до крајот на годината, како и мерката за намалување на казнената камата за јавни давачки за половина од 0,03% на 0,015% кое ќе важи до крајот на годината.

И во услови на светска економска и здравствена криза, Владата предводена од СДСМ со одговорно управување со јавните финансии, помага на секој поединец, на секоја компанија која има потреба од помош и поддршка.

Тоа, во следниот период ќе го правиме уште повеќе и уште подобро, за да спасиме што повеќе работни места, да поддржиме што повеќе компании“, изјави Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“