Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден била спроведена засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Охрид.
– Изречени се вкупно 149 санкции, меѓу кои 40 за пречекорена брзина на движење, 14 за измината важност на сообраќајната дозвола, нерегистрирани возила, 8 за возење без возачка дозвола, а санкционирани се и 14 мотоциклисти, соопштува МВР.
Оттаму најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.