Во НУ Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечерва во 20 часот ќе се отвори изложбата на слики насловена „Каменот раскажува“ на авторката Анка Данаиловска.
Данаиловска дипломирала графички оддел, на Факултетот за ликовни уметности, а на истиот смер магистрирала во Софија, Бугарија.
Одржала бројни изложби во Македонија, но и во Франција, Словенија и Германија.
Историчарот на уметноста, Роберт Цветковски вели дека самата претстава на каменот како носечки елемент е мошне специфичен, но ако се фокусираме ќе забележиме дека покрај белата боја присутни се и голем број на други бои, со што се добива чувство дека во безживотниот камен сепак постои топлина и знаци на живот.
Елена Георгиевска