Порошенко поради компликации поврзани со Ковид-19 примен во болница

Од:

Петро Порошенко, поранешниот украински претседател, член на парламентот на таа земја, е хоспитализиран затоа што има воспаление на двете белодробни крила откако се зарази со коронавирус, соопшти денеска неговата сопруга Марина Порошенко.

– Петро беше однесен во една од болниците во Киев. И покрај фактот дека мојот сопруг има воспаление на обете белодробни крила, тој покажува силна волја, што ја покажа во борбата против оваа болест, рече Марина Порошенко.

Поранешната прва дама на Украина известува дека Порошенко се однесува во согласност со протоколот на болницата. Освен Порошенко, една од нивните ќерки, исто така има коронавирус.

Порошенко и соопшти на јавноста дека се зарази со коронавирус на 29 септември, а од тогаш беше во домашна изолација.

Би можело да ве интересира

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Украина го нападна местото за лансирање на руски беспилотни летала во регионот Курск

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, бидејќи тоа e закана за Русија