Повредено возрасно лице пронајдено на тетовските улици, почина на скопските клиники

Од:

Тетовецот Г.Ј.(73) вчера околу 16 часот и 30 минути починал на скопските клиники откако претходно околу 9 часот и 30 минути бил пронајден паднат и сериозно повреден на крстосницата од улиците „Иво Рибар Лола“ и „Карпош“ во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според Јосифовски, повредениот веднаш бил префрлен во тетовската клиничка болница, но поради сериозноста на повредите и неговата возраст веднаш бил упатен во Скопје каде по неколку часа починал.

– По отпосле обезбедени сознанија врз основа на сведочење на очевидци Г.Ј. наводно бил удрен од автомобил „опел астра“ со тетовски регистарски таблички управуван од М.Д.(57) од Тетово кој во разговорот со полицајците негирал дека удрил во некој пешак. Полицијата го одзела возилото за вештачење, а од истата причина била земена и облеката на починатиот, рече Јосифовски.

Полицијата, најави Јосифовски, го фотографирала местото на можниот инцидент за што се известени и истражен судија и јавен обвинител. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција со цел да се утврди како ги здобил повредите, а ќе се преземат сите други мерки за расчистување на овој случај.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски