Цената на нафтата утрово падна под 94 долари за барерл, по објавувањето на извештајот кој укажа на раст на залихите на „течното злато“.
Американската „лесна“ нафта за испорака во јуни поевтини на Трговската берза во Њујорк за 38 центи на 93,92 долари за барел.
Во исто време, на берзата во Лондон барел северноморска нафта од типот „брент“ поевтини за 32 центи на 103,18 долари.
Американскиот нафтен институт во својот вчерашен извештај соопшти дека залихите на нафтата во неделата заклучно со 10 мај се зголемија за 181.000 барели на 390,2 милиони во однос на претходната недела.
Големите залихи и предвидувањата за слабиот раст на глобалната економија ги потиснаа цените на нафтата.