Еден од водечките шефови на италијанската мафија се предаде вчера по три години криење и бегање, соопшти италијанската полиција.
Лидерот на озлогласен клан од составот на калабриската мафија Ндрангета, Џузепе Пеше (33) им изјавил на своите адвокати дека е уморен од бегање.
По тоа во придружба тој е одведен во затвор со максимално обезбедување. Претходно овој месец заврши судењето против 42 припадници на неговиот клан, од кои некои добија казни до 28 години затвор.
Џузепе Пеше во отуство е осуден на 16 години затвор.