ВИДЕО: 18-годишен арачиновец е лицето што пукаше со калашников и објави снимка на „Тикток“

Од:

Полицијата го лоцираше лицето кое пред неколку денови пукаше со калашников и видеото го објави на социјалната мрежа „Тикток“. Станува збор за 18-годишен арачиновец, во чиј дом, полициски екипи извршиле претрес. Тој бил однесен во станица, но поради тоа што истрагата е во тек, од МВР не откриваат чија сопственост е оружјето кое се гледа на снимката.

„Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со оружје при Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје извршија претрес во дом и други простории на Е.А. (18) од Арачиново, скопско, кој на социјалната мрежа ‘Тик ток’ постирал видео како пука со автоматско оружје. Извршен е разговор со Е.А. во полициска станица и се работи на расчистување и документирање на случајот“, велат од МВР за „А1он“.

Претходно, веднаш откако момче објави видео како пали шуми, МВР постапи и го приведе малолетникот од скопското село Мојанци кого го гонеше за кривично дело предизвикување општа опасност.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи