Оревите поделотворни за холесторолот од повеќето таблети

Од:

Најновото истражување покажува дека конзумирањето еден грст ореви овозможува моментална заштита од срцеви заболувања, а редовно конзумирање дава трајна заштита.

Научниците забележале значително подобрување на нивото на холестерол и флексибилност на крвните садови, што помага при добриот крвоток, само четири часа откако луѓето ќе конзумираат ореви или масло од орев.

– Само еден грст ореви или масло од орев четири дена неделно може значително да го намали ризикот од срцеви болести, изјави докторката Пени Крис Етертон, професор на Универзитетот во Пенсилванија.

Исто така, маслото од ореви се покажало посебно добро за зачувување на функциите на ендотелијалните клетки. Станува збор за клетки кои ги обвиваат крвните садови и имаат важна улога во нивната флексибилност.

Оревите содржат омега-3 масни киселини и витамин Е, а сето тоа го намалува холестеролот и ги штити крвните садови.

Би можело да ве интересира

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ