Советник за надворешни работи, Сирил Бoмгартнер е назначен за вонреден и ополномоштен амбасадор на Француската Република во Република Северна Македонија, на местото на Кристијан Тимоние, кој е повикан на други функции.
Назначувањето на Бомгартнер за амбасадор во Скопје беше официјализирано во службениот весник на Франција.
Тој досега извршувал повеќе функции, а една од нив е заменик генерален секретар за европски прашања во Кеј Д’Орсеј. Претходно бил и Прв советник во амбасадата на Франција во Бугарија.