Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека бил тестиран за новиот коронавирус откако негова соработничка Хоуп Хикс била заразена, јавија американски медиуми.
Претседателот ја потврди информацијата за инфекцијата на Хикс, објавена претходно од американските медиуми. Првата дама Меланија исто така направила тест.
Трамп рече дека резултатите од тестовите на двајцата се очекуваат денеска или утре.
Претседателот појасни дека додека двајцата ги чекаат своите резултати, тие ќе бидат во карантин, но не даде други детали.