Американскиот претседател Доналд Трамп и сопругата Меланија позитивни на Ковид-19

Од:

Американскиот претседател објави на Твитер дека тој и сопругата Меланија се позитивни на Ковид-19. Како што наведе, двајцата одат веднаш во карантин.

Претходно соопшти дека неговата блиска соработничка, Хоуп Хикс (31) е позотивна на Ковид-19. Хикс е најблискиот соработник на Трамп кој е позитивен на Ковид, а според Би-Би-Си, таа патувала со авион со него на дебата со Џо Бајден во Охајо и била снимена како излегува од авионот без маска.

Таа исто така патуваше со Трамп со хеликоптер на митинг во Минесота.

Засега е непознато дали карантинот ќе влијае на втората дебата на Трамп со Бајден, што треба да се одржи на 15 октомври.

– Ќе видиме што ќе се случи, изјави Трамп телефонски за „Фокс њуз“.

Блумберг јави дека Хикс при враќањето од Минесота покажала први симптоми на болеста.

Би можело да ве интересира

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“