СДСМ: Гласањето против одлуките за прогласување на вонредна состојба е чин против интересите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ знае само за деструкција

Од:

„Најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека пратениците од нивните редови ќе гласаат против потврдувањето на одлуките за прогласување на вонредна состојба само ја потврдуваат деструктивноста и неодговорноста на оваа партија.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од неодговорниот Христијан Мицкоски се води единствено од евтин политички популизам и воопшто не се грижи за интересите на граѓаните и државата.

Вонредната состојба беше прогласена исклучиво во интерес на граѓаните. Таа беше неопходна за брзо делување на Владата и институциите за поефикасна борба против коронавирусот и заштита на јавното здравје“, велат од СДСМ.

„Во време на распуштено Собрание и преодна Влада со мандат за спроведување избори, бонредната состојба на извршната власт и овозможи креирање на закони за поголема ефикасност во носење мерки и политики за справување со последиците од Ковид 19 и заштита на здравјето на граѓаните.

Гласањето против одлуките за прогласување на вонредна состојба, е чин против интересите на граѓаните, против институциите.

ВМРО-ДПМНЕ предводенa од Мицкоски останува посветени на деструкција, неодговорно и незрело однесување. За тоа се казнети од граѓаните и затоа остануваат уште долго во опозиција“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија