Осум лица се повредени во судирите меѓу израелската војска и палестинските демонстранти

Од:

Осум лица се повредени во судирите меѓу палестинските демонстранти и израелската војска во бегалскиот камп Ел Ураб, во градот Ел Халил, јужно од Рамала.

Судирите избиле откако израелската полиција се обидела да спречи група палестински момчиња да одржат протести по повод одбележувањето на 65. годишнината од „Накба“, која го симболизира прогонството на Палестинците од нивните територии, кое почна во 1948 година со основањето на Израел, јави Анадолија.

Припадниците на израелската полиција кон демонстрантите испукале пластични куршуми и употребиле солзавец и во таа прилика се повредени седум Палестинци. Еден израелски војник е повреден, откако кон него бил фрлем камен.

Палестинци од Западниот Брег и во Појасот Газа денеска протестираа по повод 65-годишнината од создавањето на Израел, по што започна војна во која десетици илјади луѓе избегале или се протерани од своите домови.

Илјадници демонстранти се собраа во Рамала, на Западниот Брег, носејќи знамиња и големи симболични клучеви и извикувајќи „Правото на враќање нема да згасне“. Помали демонстрации се одржани во Појасот Газа.

Судбината на палестинските бегалци и нивните потомци кои живеат на палестински територии и во соседните арапски земји е едно од најексплозивните прашања во судирите меѓу овие два народа.

Во меѓувреме десетици еврејски доселеници, во придружба на израелската полиција влегле во џамијата Ал Акса. Вработените во обезбедувањето на Ал Акса изјавија дека еврејските доселеници влегле таму по повод одбелеувањето на празникот за објава на светата еврејска книга Тората.

Судири избиле меѓу еврејските доселеници и група Палестинци кога доселениците се обиделе да влезат во дворот на Ал Акса, на влезовите Хита и Мелик Фајсал.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег