ВИДЕО: Мекдоналд се обиде да го измами Надал со сервис „под рака“ и се посрамоти

Од:

Интересен момент се случи на денешниот меч од второто коло на „Ролан Гарос“ меѓу 12-кратниот победник на турнирот, шпанскиот ас Рафаел Надал и Американецот Мекензи Мекдоналд.

При водство на Шпанецот од 6:1 и 4:0, изнервираниот Мекдоналд се обиде да сервира „под рака“ – потег што е дозволен според тениските правила, но важи за неспортски и очајнички.

Но, Надал беше внимателен и го прочита ударот на Американецот, кој доби силна дијагонала во аголот и загуби уште еден поен. Шпанскиот шампион го доби мечот, препуштајќи му на посрамотениот противник само четири гема во трите сета.

Спортските фанови коментираат дека Мекдоналд од неуспешниот потег засекогаш ќе научи вредна лекција: никогаш не се обидувај на евтин начин да го надмудриш „кралот на земјата“ на негов терен.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Надал остана без трофеј во Шведска

Надал и Руд се повлекоа од полуфиналето на турнирот во Бостад

Надал се согласи со Рама-отвора академија за тенис во Албанија

Предраг Петровиќ