Москва: Русија, САД и Франција работат на смирување на ситуацијата во Нагорно-Карабах

Од:

Рускиот заменик министер за надворешни работи, Андреј Руденко, попладнево изјави дека Русија, заедно со САД и Франција, прави активни напори за намалување на тензиите и за деескалација на ситуацијата во регионот Нагорно-Карабах.

Русија, појасни Руденко, како копретседател на групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), заедно со САД и Франција, прават напори за надминување на тензиите и воспоставување прекин на огнот во Нагорно-Карабах, јави Анса.

Во неделата во спорниот кавкаски регион Нагорно-Карабах, што формално му припаѓа на Азербејџан, но во кој живее мнозинско ерменско етничко населние, почнаа судири меѓу соседните држави Азербејџан и Ерменија.

Оттогаш двете земји меѓусебно се обвинуваат за почнување на жестоките воени дејствија, а досега има стотици загинати и повредени војници и цивили на двете страни.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија