Во Скопје во моментов има 727 активни случани на пациенти заразени со коронавирусот, а најголем дел од нив се од општините Аеродром, Центар и Карпош, покажуваат последните податоци на Центарот за јавно здравје.
По подолго време, две скопски општини имаат по повеќе од 100 активни случаи, а еве како се распределени активно заразените лица по општините во главниот град и околината:
• Чаир – 56
• Гази Баба – 85
• Аеродром – 115
• Карпош – 95
• Центар – 105
• Кисела Вода – 90
• Ѓорче Петров – 53
• Бутел – 29
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 7
• Сарај – 14
• Арачиново – 5
• Илинден – 32
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 5
• Петровец – 5
• Зелениково – 2
• Странец – 8
• Нераспределен-1