ВМРО-ДПМНЕ на протест во сабота против „неправди, реваншизам и политичко насилство“

Од:

„Мафија на власт, колку повеќе тоне во својот криминал и корупција, толку повеќе удира по својот народ и политичките неистомисленици. Оваа власт во недостаток на успеси и во услови на секојдневни порази на секое поле, сѐ повеќе се врти кон политички прогон и застрашување.

Министерот за неправда наместо да прави реформи, јавно се заканува и им прејудицира казни на сите кои не мислат како Заев. Тоа е таа Заев-неправда по рецептот јавно да се најавуваат пресудите и од страна на Заев и од страна на министер за правда и од страна на обвинители и судии. Мафијата работи по принципот, МАФИЈА ТЕ ТУЖИ,МАФИЈА ТЕ СУДИ“, напиша Игор Јанушев на фејсбук.

Мафија на власт, колку повеќе тоне во својот криминал и корупција, толку повеќе удира по својот народ и политичките…

Posted by Igor Janushev on Среда, 30 септември 2020

„Затоа гледаме стотици случаи кајшто мафијата на власт удира по новинари, удира по опозицијата, удира и по народот. Кацарска е наградена со место во Уставниот суд. СЈО ги изеде народните пари, а народот не виде правда.

Селективната Луј Витон правда не е правда, туку маша како да се заштити криминалот на екипата на Заев.

Оние судии и обвинители кои работат по директивата на Заев потоа се унапредуваат и наградуваат. Тоа народот го гледа и затоа довербата во правосудството е минорно. Народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на неправдата и на мафијата на чело на Заев која владее султански со Македонија.

Доаѓа време кога овој султанизам ќе падне и кога мафијата ќе одговара за целата неправда заедно со нивните помагачи и слепи послушници кои го газат својот народ.

Во сабота, во 18:30 часот, збирно место пред Министерството за правда, улица Македонија, плоштадот, до Основното јавно обвинителсто.

Протестираме против неправди, реваншизам и политичко насилство!“, порача Јанушев

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ