Плевнелиев: Важно е што поскоро да добиеме нова влада

Од:

Претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев изјави дека земјата има потреба од парламент и влада, бидејќи во спротивно ќе се тргне кон трајна дестабилизација на државата.

Шефот на државата ова го кажа на брифинг посветен на неговите активности, што произлегуваат од Уставот на земјата, по предвремените парламентарни избори од 12 мај.

-На Бугарија и треба работен парламент и стабилна влада, рече претседателот.

Тој дополни дека во своите активности во следните денови ќе го следи Уставот, како секогаш до сега.

Росен Плевнелиев изјави дека уште во петок ќе разговара со четирите партии, што влегуваат во 42-то Народно собрание за да се постигне согласност за датумот на првото свечено заседание на новиот парламент.

По консултациите ќе издаде указ за свикување на Народното собрание, што ќе биде свикано не подоцна од крајот на мај.

При отворањето на работата на парламентот Шлевнелиев ќе има и обраќање кон пратениците.

По структурирањето на парламентот, претседателот ќе ги почне консултациите за врачување на мандатот за состав на владата, а според Уставот мандатот прво ќе муго врачи на лидерот на најголемата парламентарна група.

Шефот на државата повторно се изјасни дека во неговиот кабинет нема да се прават коалиции, нема да има задкулисни договарања, нема да се водат задскриени преговори и се ќе биде јавно, како и досега.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени