ВМРО-ДПМНЕ: Уште еден пораз за Филипче, медицинскиот персонал почна да си дава откази

Од:

„Додека министерот за здравство, Венко Филипче ја убедува јавноста дека се е под контрола три сестри од Клиниката за инфективни болести си дадоа откази.

Клучната Клиника во борбата против КОВИД-19 останува без персонал, и тоа персонал кој е незаменлив.

Отказите на медицинските сестри се голем пораз за Филипче“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Отказите на медицинските сестри се доказ дека здравствениот систем не функционира онака како што убедува Филипче.

Отказите на медицинските сестри се доказ дека кажувањата на Филипче дека се е под контрола во борбата против корона вирусот се лага.

Лагите на Филипче дека Македонија добро се справува со борбата против корона вирусот излегуваат на виделина. Дека лаже Филипче му докажува медицинскиот персонал.

Отказите кои си ги поднесоа три сестри од клучната Клиника за борба против КОВИД – 19 или Клиниката за инфективни болести се пораз за Филипче.

Македонија и онака останува без медицински персонал. Секоја здравствена установа е десеткувана, без доволно медицински кадар.

Што треба да се случи за Филипче да се фати за работа, да ја извршува функцијата министер за здравство и да се грижи за здравствениот систем и како граѓаните да добијат навремени и соодветни услови за лекување, наместо да се грижи за парцели и градење куќи и згради“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО