Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе источниот брег на Тајван.
Потресот ги разниша зградите и во главниот град Тајпеј.
Централната метеоролошка служба на Тајван соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 106 километри.
Засега нема информации за штети или жртви.