Мик Шумахер, синот на прославениот германски автомобилски ас Михаел, ќе дебитира во Формула 1 следниот тркачки викенд на календарот на Гран-при на Ајфел. Синот на легендарниот седумкратен светски шампион Михаел Шумахер ќе вози за тимот на Алфа Ромео на првиот слободен тренинг на „Нирбургринг“.
Мик ќе го заземе местото на првиот возач на тимот Антонио Џовинаци. Сега е скоро сигурно дека Италијанецот нема да се натпреварува за тимот од Хинвил следната година и неговото место ќе го заземе младиот Шумахер.
21-годишниот Шумахер настапува брилијантно во Формула 2 и по победите во „Монца“ и во Русија, тој е лидер во поредокот. Во својата кариера, Германецот веќе има титула во Формула 3.
На „Нирбургринг“ ќе вози и Калум Илот како возач на Хас. Двајцата се дел од Академијата на Ферари за млади таленти.