Рускиот претседател Владимир Путин, во своето обраќање преку линк до учесниците на Форумот на регионите на Русија и Белорусија, оцени дека Белорусија се наоѓа под меѓународен притисок без преседан.
Тој истакна дека односите меѓу Москва и Минск се „сојузнички и братски“ и не може да ги загрози моментната ситуација.
– Во оваа комплексна и предизвикувачка ситуација по претседателските избори, Белорусија е соочена со надворешни притисоци без преседан и бара најдобро решение. Сакам да повторам уште еднаш: односите меѓу Русија и Белорусија се изградени на цврсти темели, нагласи Путин, додавајќи дека двете земји ги поврзуваат длабоки, вековни, културни и духовни корени, братски односи и заедничка историја.
Рускиот претседател, исто така, потсети дека разговарал со Александар Лукашенко на 14 септември во Сочи и тогаш меѓусебно е потврдено значењето на соработката меѓу двете земји.