НУ Центар за култура-Битола денеска ги почна подготовките за поставување ликовна изложба од македонскиот мултимедијален уметник Александар Станкоски која се реализира во рамки на проектот „Кич, да!? Сте или не?“ – 2013 и во соработка со Дирекцијата за култура и уметност-Скопје.
Со овој проект, информира директорот Борче Димитровски, почнува серијалот изложби и други мајски културни настани во битолскиот Центар за култура за кои имаме поддршка од Министерството за култура.
– Станкоски е еден од најзначајните македонски претставници на современата уметност, со импозантна биографија, исклучителен уметник кој со љубопитност и големо внимание го очекува културната јавност во Битола. Изложбата со околу 40 силики ќе биде поместена во алтернативен простор, поранешната сала за свадби во центарот за култура. Подготовките ги почнавме денес бидејќи станува збор за важен културен настан чие свечено отворање го закажавме за 21 мај, истакна Димитровски.
Во наредниот период НУ Центар за култура-Битола ќе организира уште две ликовни изложби, на ликовниот уметник Трајче Чатмов кој изложувал во државата и странство, како и ликовна изложба на уметникот Трајче Блажевски од Скопје, член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.