Сирискиот бунтовник од видео-снимката ја брани својата постапка

Од:

Бунтовникот од шокантната видео-снимка, на која се гледа како јаде срце на убиен сириски војник, изјави дека тоа го направил поради одмазда за злосторствата што ги направиле режимските сили, признавајќи дека учествувал и во други злосторства.

Американскиот неделник „Тајм“ наведува дека преку Скајп стапил во конткат со сирискиот бунтовник Халид ал-Хамад, кој стои зад бруталниот чин.

Ал Хамад наведе дека бил потитикнат на таквиот чин откако на мобилниот телефон на починатиот војник пронашол снимка на која се гледа како понижува гола жена и нејзините две ќерки.

„Тајм“ посочува дека Ал Хамад опишал и други злосторста во кои учествувал, а жртви биле припадниците на сириската милиција, позната како шабиха.

– Имам уште една снимка, на која се гледа како со пила сечам еден шабих. Го исеков на големи и мали парчиња… За среќа ќе ги убиеме сите нив. Тие ги убија нашите деца во квартот Баба Амр и ги силуваа нашите жени, изјави бунтовникот, мислејќи на предградието на Хомс.

Ал Хамад е сунит, како и поголемиот број бунтовници кои се борат против режимот на Башар ал Асад.

Видео снимката ја шокира светската јавност и ги засили обвиненијата дека опозицијата е одговорна за воени злосторства.

Високиот комесар на Обединети нации за човекови права Нави Пилај побара истрага за растечкиот број обвиненија за тортура, егзекуции и други злосторства на бунтовниците.

Слободната сириска армија (ФСА) денеска најави дека ќе ги казни сите што направиле злосторства.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија