ВИДЕО: Ѓоковиќ цензуриран на „Ролан Гарос“ откако ја искритикува АТП околу тестовите за коронавирус

Од:

Светскиот тенисер број еден, Новак Ѓоковиќ, на официјалната прес-конференција пред првиот меч на Отвореното првенство на Франција, побара сите тенисери да прават по две тестирања за коронавирус во 24 часа пред почетокот на секој турнир, за да се избегнат лажни позитивни тестови.

„Би сакал оние кои се позитивни на тестот, 24 часа подоцна да бидат уште еднаш тестирани, за да се утврди дали првиот резултат бил лажен или навистина позитивен. Тогаш, ако има и втор позитивен тест, тој играч би требало да биде надвор од турнирот, но ако е во прашање лажен позитивен резултат, би требало да му се дозволи да игра,“ рече најдобриот светски тенисер во одговор на новинарско прашање.

Организаторите најпрво ја скратија прес-конференцијата на Ѓоковиќ, а на официјалниот канал на „Ролан Гарос“ на Јутјуб објавија верзија од минута и пол, без деловите во кои тој зборува за коронавирусот:

Сепак, на интернет веднаш се појави снимка од целата прес-конференција. Откако Ѓоковиќ одговори уште едно прашање неповрзано со темата, официјалното лице од турнирот го извести Србинот дека прес-конференцијата завршила, а тој со зачудено лице му се извини на новинарот кој почна да поставува ново прашање, но беше прекинат.

Ѓоковиќ летово беше мета на критики кога во јуни организираше серија на турнири, први откако почна пандемијата, а на еден од нив, во хрватскиот град Задар, се зарази со вирусот, заедно со уште десетина други тенисери, тренери и нивните блиски.

На мечевите во Задар и Белград, каде што се одржаа Адрија-турнирите, присуствуваа по неколку илјади гледачи, без никакви превентивни мерки и без почитување на правилата за физичка дистанца. Тенисерите преку ден играа фудбал и кошарка, а ноќе се забавуваа и во белградските клубови.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го совлада Чехот, Томаш Махах

(ВИДЕО) Новак пцуеше по победата на АО – поради провокатор не можеше да го сокрие бесот

А1он

Еден од најтешките порази во кариерата на Новак Ѓоковиќ

Ѓоковиќ го совлада Монфис и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн

Ѓоковиќ: Планирам да играм на повеќе турнири од минатата сезона

Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари 2025 година на турнирот во Доха