Чешка и натаму во рецесија

Од:

Чешката економија останува во рецесија, најдолго во модерната историја на земјата, јави дописникот на МИА од Прага.

Според, податоците на Заводот за статистика (ЧСУ) во првото тромесечје од годинава економијата ослабела за 0,8 проценти, односно во споредба со истиот период минатата година за 1,9 проценти.

На резултатите делувала слабата надворешна побарувачка и нерамната наплата на даноци.

– Тоа, дека чешката економија на почетокот на годинава се уште не излезе од рецесија, всушност се очекуваше, но реалниот пад на Бруто домашниот производ (БДП) делуваше како студен туш, оценува економистот Патрик Рожумберски.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица