Револтиран охриѓанец со карабин усмртил куче и оштетил возило

Од:

Возрасен охриѓанец изреволтиран што куче му ги нападнало патките, решил со пушка да се пресмета со натрапникот усмртувајќи го песот, но притоа оштетил и паркиран автомобил.

Инцидентот се случил на 30-ти минатиот месецоколу 11 часот кога 79-годишниот Ц.Ч. забележал дека куче му ги нападнало патките во дворот на куќата во која живеел, на улицата „Ирина Мирка Гинова“ во Охрид.

Тогаш тој во обид да ги заштити патките ја зел пушката на неговиот син, карабин „Застава 8х57“, при што испукал два куршуми, од кои првиот завршил во паркирано возило марка „Пежо“ додека со вториот го усмртил натрапникот. Убиеното куче тој го фрлил во блиската река, а настанот го прикрил и од домашните.

Полицијата биле информирана за случајот и по спроведната истрага го расвлетила случајот, а против прекршителот поднела соодветна кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и нанесена материјална штета.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он