Спасовски: Непочитувањето на мерки за самоизолација и изолација повлекува кривична одговорност

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска предупреди дека санцкиите за луѓето кои треба да бидат во изолација заради контакт со лице позитивно на Ковид-19 или самото лице е позитивно на Ковид-19, а не го прават тоа, подлежат на кривични санкции и парични казни, кои се над 2000 евра.

Спасовски потенцира дека тоа е практично кривична одговорност за секој еден кој не почитува систем на контрола преку самоизолација или изолација на лица што го напуштаат местото на изолација, а се позитивни на Ковид-19.

– Затоа што директно придонесуваат да се нарушува здравјето на луѓето, директно ги ставаат во ризик сите останати и тоа мора да биде санкционирано. Затоа постојано и еве сега апелирам до граѓаните да бидеме многу совесни во делот на почитување на мерките. Знам дека стана прекомплицирано сето ова со Ковид-19, меѓутоа неизбежно е за да се заштитиме себе си, нашите семејства, да ја заштитиме државата и граѓаните, рече министерот Спасовски.

На новинарско прашање до каде е со реализација на идејата за отворање на границите, особено во однос на македонско-косовската граница, министерот Спасовски одговори дека тоа е прашање на кое одговор треба да дадат здравствените власти, заради тоа што сите одлуки кои се носеа во изминатото се базираа исклучиво на одлуктие што ги носат стручни компетентни луѓе, што се во делот на епидемиологијата и здравствените протоколи. Тука, подвлече тој, учествува и министерот за здравство заедно со Комисијата за заразни болести, во разговори со останатите држави.

– Како ќе биде проценето дека е најповолно за зачувувањето на здравјето и на животот на граѓаните, таква одлука е потребно биде донесена, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски