Екипата на Сан Антонио поведе со 3:2 во победи против Голден Стејт во НБА плеј-офот, откако ноќеска на домашен терен оствари победа со 109:91.
Фаворитот ја оправда улогата и предводени од Тони Паркер се радуваа на крајот од натпреварот. Французинот постигна 25 поени со 10 асистенции.
До водство од 3:1 во победи во конферециското полуфинале стигна и Индијана која пред своите симпатизери го победи Њујорк со 93:82. Најефикасен кај Индијана беше Џорџ Хил со 26 поени, а шутерски потфрлија двајцата први играчи кај Њујорк. Кармело Ентони постигна 24 поени, а Џеј Ар Смит 19, но за заедничките 43 поени потрошија вкупно 45 шутеви.
И вечерва се играат два натпревара од оваа фаза во НБА плеј-офот.. Мајами го пречекува Чикаго и води со 3:1 во победи, а Мемфис кој гостува кај Оклахома Сити има предност од 3:1.