ВМРО-ДПМНЕ: Катастрофалната катаклизма на Филипче продолжува

Од:

„Катастрофалната катаклизма на Филипче продолжува. Секојдневните троцифрени бројки од заболени од Ковид-19 се доказ дека министерот за зараза и смрт не се грижи за здравјето на граѓаните.

Додека Филипче гради згради низ Скопје, граѓаните заболени од Ковид-19 умираат. Бројката од 725 починати е сериозен аларм дека во државата не функционира здравствениот систем.

Наместо владата да побара одговорност од министерот за зараза и смрт, таа го наградува со сомнителни тендери“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Бројката на заразени од КОВИД-19 изнесува 17.629 и е доказ дека владата на Заев не е подготвена за вториот бран на овој вирус. Оваа бројка не влева оптимизам дека граѓаните се во сигурни раце. Оваа бројка единствено е доказ дека граѓаните се препуштени сами на себе. Сами да се грижат за своето здравје.

Македонија е единствена земја во Европа каде заболени од КОВИД-19 не се примаат во болниците затоа што биле „стари луѓе“ , а ги нема ниту најавените 16-те монтажни болници чии постапки до сега требаше да се распишат.

Очигледно здравствениот систем нема доволно капацитети, иако по изјавите на Филипче тие беа доволни, па сега нелогично се оневозможува хоспитализирање на новозаболени од коронавирус“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски