Изложба на артефакти од културното наследство на Азербејџан

Од:

Во Националната галерија „Чифте Амам“ во Старата чаршија денеска ќе биде отворена изложба на артефакти од Историскиот музеј на Царината на Азербејџан.

На изложбата „Во заштита на културното наследство” ќе се обратат министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, директорот на Царинската управа Ванчо Каргов и директорот на Царинската служба на Азербејџан, Ајдин Алиев.

Изложбата ќе биде поставена до сабота, a на неа ќе бидат презентирани вредни артефакти од културното наследство на Азербејџан. Изложбата досега е претставена во Ватикан, Женева и во Стразбур.

Отворањето на изложбата се одржува во периодот кога во неколкудневна посета на Македонија престојува делегација од Царинската управа на Азербејџан.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска