Дванаесет спомен-бисти на народните херои, кои беа поставени во паркот „Кртеќе“ во Штип, денес беа дислоцирани од страна на Општина Штип.
Општина Штип се одлучила на ваков чекор со цел да ги заштити спомениците, кои во текот на изминативе години во неколку наврати беа цел на вандалите, кои ги кршеа или на нив испишуваа графити.
Спомен-бистите ќе бидат поставени пред институциите во општина Штип што ги носат имињата на народните херои, а притоа ќе бидат задолжени и за нивно чување и одржување.
Во паркот „Кртеќе“ остана само споменикот на бранители од конфликтот во 2001.
Според надлежните од општината на овој начин ќе се обезбеди поголема грижа за спомен-бистите на народните херои. Но, состојбите во паркот „Кртеќе“ зборува дека Општина Штип нема еднаков третман кон бистите на сите народните херои. Спомен-бистата на народниот херој Јаким Стојков, срушена и демолирана, остана да лежи во паркот „Кртеќе“.