Кривокапиќ: Политичката судбина на Ѓукановиќ и Марковиќ ќе биде онаква каква што заслужуваат

Од:

„Политичката судбина на Мило Ѓукановиќ и Душко Марковиќ ќе биде онаква каква што заслужуваат. И тоа не го кажувам јас, туку не учи искуството од другите земји во светот“, рече мандатарот за состав на новата Влада на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, во интервју за порталот Нова.рс.

Тој на 23 септември беше предложен за премиер од страна на пратениците на новото парламентарно мнозинство во Законодавниот дом.

Според Кривокапиќ, новата власт ќе мора да анализира што точно оставила позади себе власта која е во заминување.

Новиот мандатар рече дека од исклучителна важност за Црна Гора е да ги негува братските односи со Србија.

Кривокапиќ за Нова.рс објасни и како ја доживеал реакцијата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на неговиот коментар дека е во блиски односи со Ѓукановиќ и што мисли за барањата да му се извини на Вучиќ за неговите претходни изјави.

„Од мене се бара да му се извинам на претседателот на Србија, и прашувам за што да се извинам? Јас сум христијанин, велам извинете кога ќе погрешам. Наместо да се извинувам, го повикувам српското раководство да соработува, да го изгради она што некои го уништија во изминатите 30 година“, истакна Кривокапиќ.

Тој во интервјуто најави дека новата Влада ќе работи одговорно и транспарентно кон демократизација на Црна Гора и како што додаде: „во државата следува демонтирање на изопачениот систем“.

Би можело да ве интересира

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните