По Скопје, каде се регистрирани околу една третина од вкупниот број на пациентите активно заразени со коронавирус во земјава, уште во пет македонски градови бројката на активни случаи е поголема од 100 покажуваат последните податоци на Министерството за здравство.
Во Куманово се забележани 176, во Тетово 172 активни случаи, во Кочани 140, во Прилеп 122, а во Гостивар 110, соопштија здравствените власти.
Градови со најмалку активни случаи на Ковид-19 се Кратово со еден и Крушево и Неготино со по тројца пациенти заразени во моментов.
Во Македонија има 2.200 активни случаи на болеста, а 626 од нив се во Скопје. Еве како се распределени активните случаи во главниот град и околните општини:
• Чаир – 64
• Гази Баба – 76
• Аеродром – 96
• Карпош – 67
• Центар – 96
• Кисела Вода – 61
• Ѓорче Петров – 42
• Бутел – 30
• Шуто Оризари – 18
• Студеничани – 9
• Сарај – 12
• Арачиново – 6
• Илинден – 24
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 5
• Петровец – 6
• Зелениково – 1
• Странец – 9
• Нераспределен-1