Киселината која е најчест симптом за желудочен рефлукс, односно враќање на желудочната киселина од желудникот во хранопроводникот може да се избегне со паметен избор на намирници.
Лутата и кисела храна го засилува лачењето на желудочна киселина. Исто така на неа влијаат и цитрусите, ацитрусите, доматите, лукот и зачинетата храна. Избегнувајте алкохол и газирани пијалоци.
Во книгата „Dropping Acid: The Reflux Diet Cookbook & Cure“ двајца лекари Џејми Кауфман и Џордан Стерн, како и готвачот Марк Бауер, објаснуваат како да јадете добро, а во исто време да ја намалите киселината и надуеноста.
Зобна каша
Ова најдобар појадок или оброк во кој било дел од денот. Не прави сити, а не предизвикува киселина.
Ѓумбир
Ако го земате во умерени количини, ѓумбирот е еден од најдобрите намирници за сузбивање киселини.
Алое вера
Алое-вера е позната како природно средство кое успешно сузбива враќање на киселина од желудникот.
Салати
Заедно со оброкот, секогаш јадете салата. Доматите и лукот во овој случај не се пожелни, ниту сирењето.
Банани
Бананите се одличен меѓуоброк, имаат pH 5,6 и во нив може да уживаат и оние кои ги мачи киселина во желудникот.
Пилешко
Варено и печено, но не и пржено во масло. И задолжително отстранете ја кожата која е мрсна.
Зеленчук
Карфиол, тиквички, грашок и друг зелен зеленчул одлично ја сузбиваат киселината.
Магдонос
Магдоносот веќе илјадници години се користи за проблеми со варењето.
Ориз
Кус-кус и особено кафениот ориз одлично ја сузбиваат киселината. Сложените јаглехидрати се добар избор.