Меѓу 1 и 20 октомври ќе завршиме со одлуките за поставување раководни лица во институциите, вели Заев

Од:

Меѓу 1 и 20 октомври верувам дека ќе завршиме со одлуките за поставување раководни лица во институциите, најави денеска премиерот Зоран Заев.

– Еден дел од инстититуциите ги разгледуваме, кои се во надлежност на Владата и Владата ги именува. Еден дел од институциите ќе одат на конкурси, заради тоа што за нив одлучуваат управни или надзорни одбори. Заеден дел има посебни постапки кои министрите ги именуваат, како свои тимови, раководители на клиники во здравството, дирекции кои се директно под самите министерства. Нашиот план е некаде на почетокот на октомври да почне целата таа постапка со желба до 15-20 октомври да заврши, рече Заев во Општина Бутел, одговарајќи на новинарско прашање до каде се преговорите за изборот на новите директори и за нивната распределба.

Институциите имаат свои раководни кадри кои, како што рече, работат, функционираат и немаме намера да ги стопираме.

– Важно е селекцијата на кадрите да биде соодветна, да избереме максимум капацитетност на она што постои како понуда за да можеме да се надеваме на максимилизација во успешноста во нивното работење. Меѓу 1 и 20 октомври верувам дека ќе завршиме со одлуките за поставување раководни места по институциите, рече Заев.

Прашан за тоа која функција ќе ја преземе Мухамед Зекири, Заев рече дека се уште немаат донесено одлука и има повеќе опции. Потсети дека тој е потпретседател на партијата и има дилема дали останува во Парламентот или ќе земе некоја функција. Премиерот Заев нагласи дека веднаш штом ќе ги донесат одлуките ќе ги соопштаат.

Премиерот Зоран Заев денеска заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски извршија увид во градежните работи на патот од село Бутел до село Љуботен.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски