Жонг Шаншан, основачот на популарната кинеска марка за вода во шишиња – „Нонгфу спринг“, го надмина основачот на „Алибаба“, Џек Ма, како најбогат човек во Кина, според индексот на милијардери на Блумберг.
До неодамна Жонг беше третиот најбогат Кинез, а на берзата завчера неговото богатство официјално достигна 58,7 милијарди долари. Богатството на Џек Ма се проценува на 56,7 милијарди долари.
За разлика од Џек Ма и Пони Ма – основачот на „Тенсент“, Жонг не се занимава со висока технологија.
Покрај својот удел во брендот „Нонгфу спринг“, тој е и директор на фармацевтска компанија за вакцини.